Оризот е основна храна за две третини од светската популациjа

Оризот е основна храна за две третини од светската популација. Оваа едноставна зрнеста храна е популарна храна за одржување на животот со илјадници години затоа што е здрава, повеќенаменска, економична, лесна за подготовка и со добар вкус. Оризот се одгледува во повеќе од 100 држави и на секој континент, освен на Антарктик. Светската трговија на ориз претставува само околу 5% од светската потрошувачка. Меѓутоа, оваа релативно мала количина со која се тргува (во вредност од околу 5 милијарди долари годишно) има огромно влијание на светските економски и државни политики.

Оризот е доминантен извор на енергија во исхраната за 17 држави во Азија и Пацификот, 9 држави во Северна и Јужна Америка и во 8 држави во Африка. Оризот обезбедува 20% од исхраната која снабдува со енергија во светот, додека житото обезбедува 19% и пченката (царевка) 5%.

Оризот претставува живот за илјадници милиони луѓе. Тој е длабоко вкоренет во културното наследство на нивните општества. Само во Азија, повеќе од 2 милијарди луѓе добиваат 60 до 70 проценти од нивните калории од оризот и неговите производи. Тој е најбрзо растечки извор на храна во Африка и е од големо значење за безбедноста на храна во растечки број на земји со ниски приходи и недостаток на храна.

КЛУЧНИ ФАКТИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО:

• Планетата ќе треба да храни дополнителни 1,5 милијарди луѓе во 2030 година, 90 проценти од нив ќе живеат во земјите во развој.

• Светот ќе треба да го зголеми производството на храна за 60-70 проценти за да нахрани повеќе од девет милијарди луѓе до 2050 година;

• Секој ден, земјоделството произведува во просек 23,7 милиони тони храна.

• Земјоделството обезбедува егзистенција за 2,5 милијарди луѓе.

Системите за производство на ориз и нивните поврзани постапки по жетва на ориз вработуваат речиси 1 милијарда луѓе во руралните области на земјите во развој. Околу 80% од светскиот ориз се одгледува од страна на мали земјоделци во земјите со ниски приходи и земјите во развој. Следи дека ефикасните и производствени системи за производство на ориз се од суштинско значење за економскиот развој и за подобрување на квалитетот на животот на голем дел од светската популација.

Подобрување на продуктивноста на оризните системи ќе придонесе за искоренување на гладот, ублажување на сиромаштијата, националната безбедност на храна и економскиот развој. Според проценките на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), има околу 840 милиони неисхранети луѓе, вклучувајќи повеќе од 200 милиони деца во земјите во развој. Неисхранетоста во голема мера го ограничува развојот.

Сепак, производството на ориз се соочува со сериозни ограничувања, вклучувајќи стапка на раст на приносите во опаѓање, исцрпување на природните ресурси, недостаток на работна сила, конфликти врз основа на полот, институционални ограничувања и загадување на животната средина. Надминување на гладот, сиромаштијата и неисхранетоста – додека се заштитува животната средина – бара заедничко дејствување на сите засегнати страни. Разновидноста на региони, народи и ресурси поврзани со светските системи врз основа на ориз бара поинаков пристап за глобален развој на оризот кој вклучува учество од локално до меѓународно ниво.