Обjект со наjвисоки стандарди за производство на ориз

Левидиагро не само што ги разбира суровините, туку и поединечните двигатели во процесот на одржување и производство – од денот на прием на свежо набрана арпа, до готов и спакуван ориз

Сушење

Оризот од полето се собира и врши за да се произведе она што најчесто се нарекува оризова арпа или груб ориз. Оризот најчесто се собира со околу 18% до 24% влага и мора да се исуши до околу 12% до 14% за да може да се складира безбедно. Сушењето ориз (вклучувајќи додека е на поле пред жетва) е важна компонента во однос на квалитетот. Оризот кој се распукал за време на сушење ќе има помал процент на принос и ќе има послаб квалитет по готвењето. Во Македонија, оризовата арпа се распростира на еден вид бетон или плочник и се израмнува додека се исуши.

Левидиагро инвестираше во апарат за сушење на зрна со капацитет од 55 кубни метри каде оризовата арпа се суши со индиректна топлина, додека минува низ воздушни комори. Оваа единица исто така може да се инсталира во близина на полето со арпа, но во моментов се користи како фиксна единица во просториите на Левидиагро.

Мелење

Мелењето ориз е процес на отстранување на лушпа и слојот трици за да се произведе бел ориз. Мелењето ориз може да започне како процес во повеќе фази при кои оризот минува низ повеќе различни постапки и машини, од оризова арпа до бел ориз.

Модерната фабрика на Левидиагро се стреми:
• да произведува ориз за исхрана кој го привлекува потрошувачот – т.е. ориз кој е доволно обработен и без лушпи, камчиња и други незрнести материјали;
• да го зголемува вкупно обработен ориз добиен од арпа и да го минимизира оштетувањето на зрното.

Многу прилагодувања се автоматизирани за максимална ефикасност и леснотија за работа. Машините за полирање и белење имаат мерачи кои го регистрираат моменталното оптоварување на движењето на моторот кои го навестуваат оперативниот притисок на зрното. Ова обезбедува пообјективни начини за поставување притисоци на мелење на зрното. Машините за сортирање бои со највисоки стандарди ја обезбедуваат конечната поделба на сите нечистотии во боја и разновидност со користење на камера и ласерски техники.

Оптичко Сортирање

Важна компонента за успехот во преработка на ориз е зголемената побарувачка и согласноста на раководството на Левидиагро за оптичко сортирање на оризот. Понудено е детално портфолио на целосно автоматизирана оптичка машина за сортирање Сортекс (Sortex) која овозможува процесорите на ориз да одредат и достават одреден квалитет на ориз и способност за сортирање што го исполнува нивното точно барање за производство.

Модерниот „Левидиагро“ процес на мелење ориз се состои од:

Стадиум

Функција

1

Пред филтрирање

Отстранување на сите нечистотии и неисполнети зрна од арпата

2

Лупење

Отстранување на лушпите од арпата

3

Отстранување на лушпи

Одделување на лушпата од кафеавиот ориз/неизлупена арпа

4

Одделување на арпата

Одделување на неизлупената арпа од кафеавиот ориз

5

Отстранување на камчиња

Одделување на мали камчиња од кафеавиот ориз

6

Обелување

Отстранување на цел или дел од слојот трици и никулци од кафеавиот ориз

7

Полирање

Подобрување на изгледот на обработен ориз со отстранување на преостанатите честички од трици и со полирање на надворешноста од обработеното зрно

8

Сеење

Одделување на мали нечистотии или парчиња од обработен ориз

9

Сортирање на должина

Одделување на мали и големи скршени зрна од оризовата арпа

10

Мешање

Мешање на оризовата арпа со претходно утврдена количина на скршени зрна, како што е пропишано од страна на клиентот

11

Подмачкување

Сјаен изглед кој му се дава на оризот пред пакување

12

Мерење и пакување

Подготовка на обработен ориз за транспорт до потрошувачите